Научното списание British Medical Journal ги објави најчестите симптоми на инфекција со омикрон.
Податоците за најчесто пријавените симптоми на омикрон беа собрани во студија спроведена од здравствената компанија Зои во соработка со Кралскиот колеџ во Лондон.
Петте најчесто пријавени симптоми се:
течење на носот
главоболка
замор (и благ и тежок)
кивање
воспалено грло
Првичната анализа беше спроведена на потврдени случаи на омикрон во Лондон. Главниот град на Велика Британија е избран поради поголемото присуство на омикронот отколку во другите делови на Обединетото Кралство.
Кои други симптоми се на списокот?
Списокот на симптоми што го објави британската влада вклучува и треска, кашлица и губење на чувството за мирис и вкус, кои се и класичните и најчестите симптоми на ковид.
Тим Спектор, водечки научник за истражувањето на симптомите на омикрон, вели дека барал да ја ажурира листата на симптоми откако се појавила делта варијантата.
За да се споредат симптомите на делта и омикрон, беа земени податоците за симптомите на делта од неделата кога сојот беше доминантен и споредени со најновите податоци (3-10 декември 2021 година). Првичната анализа не покажа јасни разлики во раните симптоми на делта и омикрон (три дена по тестирањето).
Ако имате симптоми кои потсетуваат на блага или тешка настинка, голема е веројатноста да имате ковид ако во моментов сте во област како Лондон, рече тој.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.