Дали е ова нејзиниот начин да извлече максимум од разводот?
Џенифер Лопез и Бен Афлек се уште официјално не се разведени, но очигледно овој процес се одолговлекува. Или поради преговори за поделба на имотот или поради заеднички ручеци и скриени допири на нежност.
Но, Џенифер, како пејачка пред се, има свој начин да го преболи ова раскинување, по втор пат. Имено, таа се одлучила за познатиот „Тејлор Свифт потег“, а како што раскажува инсајдерот за „The US Sun“, хитови се спремаат.
Така, откриено е дека Џеј Ло е веќе решена да направи цел албум за овој период од нејзиниот живот, поточно – разводот со Бен. Ова ќе биде нејзиниот десетти албум, а втор албум за „скршено срце“.
– Овој албум ќе биде за скршено срце. Фановите ќе ја добијат вистинската приказна преку нејзината музика. „Џен навистина ја сака таа балада од типот „Cry me a river“ “, вели инсајдерот.
Вакво нешто и препишавме на најслушаната пејачка за 2024 година, Тејлор Свифт, која и самата призна дека љубовта и е инспирација и дека тоа важи и за бившите. Така, Тејлор не штеди зборови во нејзините песни и опишува ситуации кога некој ја оставил или кога бил злобен кон неа. Можеме ли да го очекуваме ова од Џенифер Лопез? И, уште подобро прашање, дали ова ќе биде нејзиното враќање на големата сцена?
Џенифер пред разводот го издаде албумот „This is me… Now“, а многу видеа беа режирани од Бен Афлек. Во една прилика Бен откри дека би сакал да глуми во сите филмови за и со Џенифер Лопез, но сега сигурно не мисли така, кога бившата му подготвува серија песни.
Ако се потсетиме на зборовите на нејзиниот прв сопруг, кој отворено зборуваше за своето искуство со Џенифер, но и за нејзината моментална ситуација, тој истакна дека Џени е личност која „страда од вниманието на јавноста“ и секогаш сака да биде пред камера, дури и ако тоа е само папарацо или емисии, концерти и филмови. Исто така, меѓу редови јасно се гледа дека сакал да каже дека и овој развод може да ѝ дојде како придобивка, со оглед на нејзината љубов кон вниманието. А сега, кога излезе „бубачката“ дека се подготвува емотивен албум за Бен и неа, на пејачката секако ѝ е јасно дека сега ќе го чека целиот свет.
Така, ова е веројатно добар чекор за нејзината кариера која, за жал, имаше разнишани моменти во изминатите неколку години.