Докторот откри во колку часот треба да го јадеме првиот оброк – и дефинитивно е подоцна отколку што очекувате.
Слушнавме експерти кои не советуваат да појадуваме најдоцна до девет часот наутро. Меѓутоа, многумина не можат да го слушаат овој совет бидејќи или не стануваат толку рано или не сакаат да јадат веднаш штом ќе станат.
Но, затоа сега ќе ве изненадат препораките на професорот по генетска епидемиологија од Лондон, проф.д-р Тим Спектор, кој тврди дека е подобро да почекате неколку часа до појадокот, особено ако сакате да ослабете. .
Тој тврди дека првиот утрински оброк треба да го јадеме само околу 11 часот, а причината за тоа е што луѓето сега вечераат подоцна од претходните генерации – најчесто само околу 21 часот. Во таа насока, појадокот околу 11 часот е единствениот начин да се исполнат 14 часа пост помеѓу вечерата и појадокот, за што постојат докази дека тоа е најздравиот начин за забрзување на метаболизмот и слабеење.
Неговата стратегија – појадок околу 11 часот, и вечера околу 21 часот, им помага на луѓето да изгубат меѓу два и пет килограми за само неколку месеци.
Професорот Тим Спектор проучувал племе кое живее во Танзанија, чии членови не страдаат од дебелина или дијабетес тип 2. Тој утврдил дека племето нема збор за појадок и дека првиот оброк го јадат помеѓу 10:30 и 11:00 часот.