Колку често ви се случува ручекот да го подгреете за вечера или следниот ден? Иако тоа го прават речиси сите, со некои остатоци од храна треба да бидете многу внимателни.

Овие намирници не е препорачливо да се подгреваат:

Печено црвено месо

Печеното свинско, телешко или јагешко месо многумина го обожуваат и топло и ладно. Меѓутоа, црвеното месо не треба да се подгрева откако претходно било подготвено, бидејќи во текот на термичката обработка тоа ја менува структурата во облик кој не му одговара на нашето тело.

Во текот на двојното приготвување на месото се менува составот на протеините кои организмот не може или многу тешко ги вари, па поради тоа може да стане токсично и да предизвика тешкотии.

Живинско месо

Пилешкото или мисиркиното место треба да се јадат исклучиво ладни, без никакво подгревање.

Ваквиот „рециклиран“ ручек исто така предизвикува проблеми со варењето.

Супа

Супата за многумина е неизбежен дел од ручекот, но би требало да водите сметка како и во колкави количини ја подготвувате.

Имено, месото од супата, како и зеленчукот, обично целерот, не би требало да ги затоплувате повторно.

Значи, ако планирате да јадете супа со вашето семејство, направете точна количина за сите со цел да не ви останува, па да требате да ја подгревате.

Доколку сепак ви остане процедете ја супата и ставете ја само течноста во фрижидер или замрзнувач, без месото и зеленчукот кои не е пожелно да ги подгревате повторно.