Македонскиот претставник во БИБЛ-лигата, екипата на Академија ФМП, никако да ја прекине лошата серија во регионалното натпреварување. Во петтиот натпревар на меѓународна сцена, тимот од Кисела Вода на домашен терен загуби од Левски 74-103.

Светла ѕвезда кај македонскиот претставник беше Бре Ајви кој заврши со 41 поен, девет скока и една асистенција, пред Лука Стојановски со 12 поени, шест скока и три асистенции. Кај бугарскиот гостин најистакнат заврши Ивица Радиќ со 26 поени и 11 скока.

Вреди да се напомене дека на овој меч македонскиот тим беше без главниот тренер и без четири играчи кои беа отсустни поради болест. ФМП има пет порази на пет натпревари, а во следниот меч ќе биде домаќин на Макаби Некст Урбан Хаифа.

foto:gol.mk