Азербејџан официјално поднесе молба за приклучување кон организацијата БРИКС, соопштија локални медиуми.
БРИКС е основан во 2006 година и моментално во организацијата членуваат девет држави (Бразил, Русија, Индија, Кина, Јужноафриканска Република, Египет, Етиопија, Иран и Обединетите Арапски Емирати). Од 2009 година, БРИКС се претвори во единствен геополитички блок кој годишно одржува самити и спроведува координација на мултилатералната политика.
Во јули, за време на самитот на Шангајската организација за соработка (ШОС) во Астана, беше усвоена „Заедничка декларација за воспоставување на стратешко партнерство меѓу Азербејџан и Кина“. Според параграф 4.5 од декларацијата, Азербејџан ја изрази својата желба да се приклучи кон БРИКС, а Кина го поддржа членството на Азербејџан во организацијата. /МИА