реклама

Откако еден пар успеал да прошверцува поголем транспарент на концертот на Адел со барање да го открие полот на нивното дете, таа им ја исполнила желбата. Иако им кажала дека тоа што го направиле не е дозволено, не можела да им одолее и на задоволство на сите им направила услуга и им помогнала да создадат посебен момент кој стана вирален.

Пејачката забележала знак кај публиката и ја повикала двојката да и се придружи на сцената, ги замолила да се претстават, а потоа седнала и го зела пликото во кое се криеле информациите кои со недели ги чувале за овој посебен момент, пишува индекс. .ч.

реклама

Пејачката била толку воодушевена од тоа што ја замолиле, што дури ги прашала дали има нешто посебно што би сакале таа да им каже и дали имаат некој кој го снима моментот.

„Почестени сме што ќе го направите ова за нас. Ги имаме информациите од 12-та недела, но го чекавме овој момент“, ѝ рекол обожавателот пред Адел да го отвори пликото и да прочита што има внатре. Кога прочитала дека чекаат момче, воодушевено ги прегрнала и рекла дека ова е одличен момент и дека е исклучително среќна за нив, а потоа дури и заплакала.

реклама

„Ова беше многу емотивно. Ако и кога повторно ќе забременам, ќе ми го кажеш ли полот на детето?“ ги прашала, подгревајќи ги гласините дека планира да има дете со вереникот Рич Пол.

Во минатогодишното интервју за магазинот Elle таа изјави дека планира уште едно дете покрај синот што го доби во бракот со Сајмон Конецки.

реклама