Директорката на агенцијата за јавно здравје на Европската Унија, Андреа Амон, денеска изјави дека давањето засилена т.н. бустер-доза на вакцината против Ковид-19 треба да се земе предвид за сите возрасни, со приоритет за оние постари од 40 години.

Препораките издадени од Европскиот центар за превенција и контрола на болестите (ECDC) не се обврзувачки за владите на ЕУ, но се користат за донесување одлуки во врска со здравствената политика, наведува „Ројтерс“.

Во претходното упатство, издадено во септември заедно со Европската агенција за лекови (ЕМА), ECDC соопшти дека нема итна потреба да се даваат дополнителни дози на целосно вакцинирани лица во општата популација, но предложи да се разгледаат дополнителни дози за лицата со послаб имунолошки систем и дека тие може да се користат како мерка на претпазливост за постарите со кревко здравје.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.