Хуманитарните работници стигнaле до некои области погодени од земјотресот во западен Авганистан и почнале да дистрибуираат итна храна за погодените, изјави за РСЕ Вахид Амани, портпарол на Светската програма за храна на Обединетите нации.
Амани рече дека преку оваа програма досега било доставено храна до неколку стотици луѓе во Херат.
„Подготвени сме да доставиме итна помош во храна на околу 20 000 луѓе“, рече Амани, додавајќи дека Агенцијата за храна на ОН е подготвена да го зголеми опфатот до 70 000 луѓе.
Инаку спасувачките напори да се најдат преживеани продолжуваат и денеска, откако земјотресот на 7 октомври, наводно, уби повеќе од 2 000 луѓе, иако билансот од потресот останува нејасен.