Младата sвезда на Манчестер Јунајтед, Мејсон Гринвуд (19) доби понуда од Фудбалскиот сојуз на Јамајка да игра во оваа репрезентација.

Одличниот 19-годишен напаѓач има еден настап за Англија, но според новите правила на ФИФА, тој има можност да ја смени репрезентацијата и Фудбалскиот сојуз на Јамајка одлучи да реагира.

Овој тим од Карибите реши да контактира со младата sвезда на Манчестер Јунајтед и му понудија да игра за земјата од која доаѓа.

Сепак, тешко е да се очекува Гринвуд да одлучи да ја смени репрезентацијата бидејќи тој е во сериозни планови и селекторот на Англија, Герет Саутгејт.

Гринвуд исто така беше на списокот на Англија за Европските шампионати. Тој отпадна поради повреда непосредно пред почетокот на турнирот, но со оглед на тоа што е голема надеж на англискиот фудбал, тешко е да се очекува да го загубат.

Многу е веројатно дека обидот за ангажирање на Гринвуд ќе биде неуспешен за фудбалскиот сојуз на Јамајка, но барем тие ќе се обидат да направат нешто.

Претходно успеаја да добијат значајни засилувања за својата репрезентација. Напаѓачот на Вест Хем, Михаил Антонио реши да игра за оваа селекција и тој сигурно ќе биде големо засилување на патот до Светското првенство во 2022 година, каде што Јамајка е желна да игра.

Мејсон Гринвуд дебитираше за Англија во септември минатата година на мечот од Лигата на нации против Исланд.

Тогаш 19-годишникот влезе во финишот на натпреварот и ги забележа своите први минути, но беше избркан заедно со Фил Фоден два дена подоцна за кршење на карантинските мерки и минување време со исландски девојки.

Гринвуд е член на првиот тим на Манчестер Јунајтед веќе три години, постигнувајќи 29 гола на 105 настапи.