Хамди Нухију
Предизборната кампања во општина Куманово за престојните локални избори почнаа пред некоје време. Во СДСМ прочитавме за овицијалните кандидатури кои што се влезени во овој партиски натпревар за првиот човек на градот. Тоа што се рефлектираше во јавноста беше акцентот кој што беше ставен од страна на овие политички партии, и тој акцент беше именуван во форма на татко на градот. СДСМ како левичарска партија која што во негова основа го имаа човекот и правичното преставување и застапување помеѓу жените и мажите во Куманово го бара таткото на градот. Мартин Костовски, Оливер Илиевски, и Максим Димитриевски веќе кажа јавно дека сакаат да бидаат татко на градот. Дали е легитимно да се биде татко на градот? Да! Но, политичките парти во Република Северна Македонија ако сакаат да се трансформираат и ако како цел го имаат членувањето на државата во прогресивните алеанци и сили, тогаш требаа да ги имаат предвид и тие вредности кои што се аплицираат во тие демократии.
Куманово веќе со децении има татко на градот кој што доаѓа од кругот на СДСМ и левицата. Можеби е дојдено време да се размислува за мајка на градот се со цел да се постигнаат полесно визијата и мисијата за подобар град за сите заедници кои што живеаат во Куманово. И на ваков начин да дадеме еден добар пример дека еден модерен град може да имаа и мајка и да биде модерен и прогресивен во сите сфери на животот.
Но кога имаме толку многу кандидати од машки пол за позицијата на таткото на градот ние можеме да ја разбереме и прируството на патриархалното видување на светот.
Во ова сфера, тетовското општество се гледа многу по погресивно од општеството во Куманово. Таму имаме една градоначалничка која што ги имаа поминато сите партиски филтри, и е избранаа од тетовчани за мајка на градот.
Исто така, со општина Прешево сега управува Ардита Синани, како мајка на градот и е компромисно решение за локалните политички партии во општина Прешево.
СДСМ даваше добар пример и во општина Арачиново каде што со едно мајчинско решение победи во последните избори и за прв пат во нивна историја како политичка партија го земаа корнилото на општина Арачиново.
Ако Куманово треба да се трансформираа, и ако во Куманово треба да се имплементираат развојни политики кои што на овој град ќе и го вратаат сјајот од минатото тогаш треба да размислува за кандидат жена.
Зошто е потребен жена да биде градоначалник на Куманово? Затоа што на Куманово и треба промена, основна промена! Сите параметри укажуваат на тоа дека жените се помалку коруптирани од мажите. Сите релеватни истражувања покажуваат дека жените се почуствителни од мажите. Ако Куманово е мултикултурен, мултиетничен и мултирелигиозен град, тогаш со овој град треба да управува човек со поголемо чуство, кој што ќе ги обедини сите, и ќе работи исто за сите делови на градот. А не да имаме модерна Соколана, и праисториска игралиште во населба Тоде Мендол.