Вечерва во емисијата „360 степени“ на Ал сат телевизија една од темите ќе биде затворањето на станицата за технички прегледи во село Глумово, каде што е регистриран и кобниот автобус на „Беса транс“. Интересен е фактот што станицата е затворена три дена по трагедијата во Бугарија.
Причина за одлуката на Спасовски, станицата да биде затворена се пропусти откриени уште во август.
Зошто се чекало три и пол месеци за реакција, најверојатно ќе дознаеме од вечерашната емисија „360 степени“.