Принцот Филип кој почина денес на 99 годишна возраст со кралицата Елизабета бил во брак 73 години.

Филип е роден како принц од Грција и Данска, а со кралицата се венчал кога таа имала 20 години и ја носела титулата принцеза која ќе го наследи британскиот трон. Пет години по нивната венчавка починал кралот Џорџ VI, а Елизабета станала кралица на Велика Британија. Сепак, принцот не станал крал, а причината е многу едноставна.

Profimedia

Титулата крал ја надминува титулата кралица, па поради патријархот и фактот дека не е роден Британец, тој во ниту еден случај не смеел да биде над кралицата. Кога неговата сопруга станала кралица, тој се откажал од кралското семејство во кое е роден и станал војвода од Единбург.

Instagram
Instagram

Сепак, многу е веројатно дека Кејт Мидлтон на денот кога принцот Вилијам ќе стане крал, ќе стане кралица придружничка (Queen Consort). Нормално, како кралица придружничка Кејт нема да ги има истите овластувања на кралицата Елизабета која всушност е монарх.

Instagram
Instagram

Веќе неколку години се погодуваше дека тоа ќе и се случи и на Камила Паркер Боулс кога принцот Чарлс ќе стане крал. Експертите за кралското семејство сметаат дека доколку Чарлс стане крал, а не Вилијам, Камила нема да ја добие ниту таа титула, односно нејзината титула ќе гласи само придружничка на кралот Чарлс, Камила Паркер Боулс (без вклучување на титулата кралица). Тоа е така поради историјата и мислењето на јавноста за Камила, која најпрвин му беше љубовница на принцот Чарлс, а по смртта на принцезата Дијана, му стана сопруга, но сепак тој со неа нема склучено црковен брак. 

Фото: Инстаграм

Многу пати во јавноста досега протекоа информации дека кралицата Елизабета лично наредила да се изготви документ за титулата на Камила да биде строго ограничена на придружничка на кралот Чарлс (без вклучување на терминот кралица), во случај на нејзина ненадејна смрт.