Во Германија подготвеноста за вакцинација падна на минимум од почетокот на епидемијата. Главната причина е стравот од несакани ефекти. Владата проценува дека треба да се вакцинираат две третини од населението за да се победи пандемијата.

Првата вакцина против короната, која веќе масовно се дава во западните земји, ја направија германски научници од „БионТех“ во Мајнц. Во понеделник, 21 декември, Европската агенција за лекови треба да ја одобри оваа вакцина за целата Европска унија, самата Германија планира да започне со вакцинација веќе на 27 декември.

Сепак, во моментов помалку од половина од Германците се подготвени да се вакцинираат, пишува хрватското Дојче веле.

Според истражувањето спроведено во втората недела од декември, само 48 проценти од луѓето се изјасниле дека ќе се вакцинираат, според мониторингот основан од Универзитетот во Ерфурт и институтот Роберт Кох. На таа анкета, 40 проценти од луѓето изјавиле дека прво имаат планираат да почекаат со одлука, а 11 проценти целосно одбиваат вакцинација.

Тоа е драстичен пад на подготвеноста за примање на вакцината во однос на пролетта, кога 79 проценти од Германците беа подготвени да се вакцинираат кога вакцината ќе стана достапна.