Треперењето на окото може да биде прилично често и обично не треба да ве загрижува.
Состојбата на привремено или долготрајно треперење на окото се нарекува миокимија на капакот и е резултат на рефлекс од погрешниот пренос на невроните кои ги стимулираат вашите мускули.

Постојат неколку вообичаени причини поради кои најчесто се случува да ни трепери очниот капак:

  • стрес
  • вишок кофеин
  • дехидрација
  • замор
  • напрегање на очите
  • алкохол
  • суво око
  • проблеми со исхраната
  • алергии

Во ретки случаи треперењето на окото може да биде знак и за одредени проблеми предизвикани од мозокот и нервите, но тогаш треперењето на окото го следат и други знаци и симптоми.

Побарајте лекарска помош доколку треперењето на окото трае подолго од две недели, доколку треперењето на окото се префрла во треперење и на други делови од лицето, а очите ви се црвени, потечени или имаат исцедок.

Како да го запрете треперењето на окото:

  • спијте повеќе
  • намалете го внесот на кофеин
  • додадете витамини во исхраната
  • оттргнете се малку од сите видови на монитори
  • направете сè што можете да го намалите нивото на стрес
  • правете си нежни масажи на лицето и очните капаци.

Преземено од Еспресо.мк