Дали знаете што точно значи „бланширање“? Тоа е постапка со која зеленчукот кратко време се третира во зовриена вода, па се става во мраз ладна вода за да се излади. Со ова се овозможува зеленчукот да ја задржи својата боја, текстура, вкус и хранливи состојки.
Ако зеленчукот што го купивте пред некој ден почнал да станува кафеав, тоа е добро, од причина што тој зеленчук ќе има позитивно влијание врз вашето здравје. Односно во него има повисоки содржина ензими, полифенол оксидаза и пероксидаза, кои помагаат во превенцијата на хронични болести и состојби предизвикани од оксидативен стрес, меѓу кои и кардиоваскуларни болести, дијабетес тип 2 и разни видови рак.
Се разбира дека најдобар избор е да го изедете зеленчукот свеж, што побрзо откако ќе го купите, но ако не можете да му одолеете и купите поголема количина, замрзнувањето може да помогне во забавувањето на ензимските реакции. Но, ако не е зеленчукот соодветно подготвен за замрзнување, тогаш може да ја промени текстурата и вкусот. Најдобар начин да го спречите тоа е да го бланширате зеленчукот пред замрзнување. Тоа се прави со кратко варење на зеленчукот во зовриена вода, а потоа веднаш се става во мраз ладна вода за да се сопре процесот на варење. Со бланширање всушност зеленчукот се загрева доволно за да се спречи потемнувањето, без притоа да се свари целосно.
Правилно бланширање
Секој зеленчук добро е да биде бланширан пред да се замрзне, а времетраењето на бланширањето е различно кај различни видови зеленчук. Најчесто доволни се 4-5 минути. Ако не е доволно време бланширан зеленчукот, тогаш тоа ќе има спротивен ефект, односно ќе биде исто како да го оставите да потемни и со тоа ќе се смени неговата текстура и вкус.
За поголем број зеленчуци, златен стандард е бланширањето да почне во вода што силно врие. Но, некои видови зеленчук е подобро да се третираат на пареа, наместо во вода која врие, како на пример брокули, тиква, сладок компир. Овие зеленчуци најдобро е да ги ставите над садот со пареа кога ќе почне да врие водата.
Користењето на микробранова печка за бланширање не е препорачливо, бидејќи ќе предизвика брзо губење на бојата и вкусот. Откако ќе го завршите бланширањето, зеленчукот ставете го во сад со ладна вода во која имате ставено коцки мраз за да го прекинете процесот на варење и да се зачуваат вкусот, текстурата и бојата.
Постапката со бланширање освен за замрзнување зеленчук се користи и кога треба некој зеленчук да омекне пред подготовка, за полесно да се лупи, да се ублажи силниот мирис или вкус.