Личноста се формира уште во раното детство, но сепак воопшто не се сеќаваме на искуствата од најраните години. Овој феномен се однесува на скоро сите луѓе, па дури има и официјално име – детска амнезија. Како што растеме, забораваме на луѓето, настаните, па дури и местата што сме ги посетиле кога сме биле деца.
Детската амнезија е неможноста да се запомнат деталите и настаните што се случиле пред да се наполнат четири години. Некои истражувачи отидоа подалеку и открија дека децата пред седумгодишна возраст можат да запомнат околу 60 проценти или повеќе од настаните од раните години, а додека на девет годишна возраст може да запомнат само 40 проценти. Ова им овозможи да разберат дека, како што минуваме низ различни фази на развој, помалку се сеќаваме на тоа што претходело.
Дали има врска со говорот?
Една од теориите за тоа зошто не можеме да ги достигнеме нашите најрани сеќавања е дека во тоа време не сме можеле да комуницираме вербално. За опишување на одредено сеќавање, користиме зборови и можеме да ја опишеме многу детално, за што е потребен јазик. Повеќето мали деца не зборуваат течно, поточно цели реченици пред да наполнат две години, па затоа едноставно не се во можност да создадат кохезивна меморија.
Развојот на мозокот игра голема улога
Едно истражување заклучило дека мозокот „кога е зафатен со растење на многу нови клетки, не складира спомени кои инаку би биле долгорочни“. Покрај тоа, не можеме да се потсетиме на секојдневните настани пред третата или четвртата година, бидејќи нашата епизодна меморија сè уште не е започната. Затоа имаме апстрактни спомени како на пример во кој парк сме оделе често, но не и во која слаткарница некогаш не однеле родителите.
Сеќавањата на родителите ги менуваат нашите
Друга студија сугерира дека и нашите родители значително ги менуваат сеќавањата за нашето детство со нивните раскажувања. Истото истражување покажа дека децата различно се сеќаваат на истиот настан откако разговарале за тоа со своите татковци и поинаку кога разговарале со своите мајки.
Силата на емоционалниот одговор
Детски психолози велат дека децата ги чуваат спомените исполнети со силни чувства, позитивни и негативни. Ова откритие им овозможува дури и на малите деца да сведочат на суд. Значи, поголеми се шансите да можете да ја запомните раната меморија која ви е најважна и предизвикува силен емоционален одговор, пишува Bright Side.