Повеќе мажи умираат од ковид-19 ширум светот отколку жени, а потенцијалните причини се од биологија до лошите навики.

Една студија објавена во април во „Frontiers in Public Health“ објави дека мажите и жените имаат еднаква веројатност да се заразат со коронавирусите.

Сепак, истражувачите, исто така, објавија дека мажите поверојатно повеќе страдаат од сериозни ефекти на болеста отколку жените.

unsplash

Кинеските истражувачи велат дека кај една голема подгрупа на пациенти со ковид-19, повеќе од 70% од оние кои починале биле мажи. Тие велат дека нашле слични резултати кога го испитале истражувањето и од акутниот респираторен синдром „САРС“ кој избувна во 2003 година.

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека 63% од смртните случаи поврзани со ковид-19 во Европа се мажи.

Студија на Високиот здравствен институт во Рим во март покажа дека меѓу хоспитализираните Италијанци, 8% од мажите починале во споредна со 5% од жените.

unsplash

Во Њујорк, смртната стапка на мажи кои починале од коронавирус била скоро двојно поголема од жените. Центрите за контрола и превенција на болести во моментов не пријавуваат смртни случаи од ковид-19 по пол, но експертите не гледаат причина трендот да се разликува.

Некои од основните причини зошто ковид-19 може да биде посмртоносен за мажите отколку за жените може да го вклучува фактот дека срцевите заболувања се почести кај постарите мажи отколку кај жените“, вели д-р Стивен Бергер, експерт за заразни болести и ко-основач на Глобалната мрежа за инфективни болести и епидемиологија, изјави за „Healthline“.

Студиите исто така откриваат дека високиот крвен притисок и заболувања на црниот дроб се позастапени кај мажите и тоа дополнително придонесува за повеќе негативни сценарија поврзани со ковид-19.

unsplash

Студија објавена на 10 мај откри дека мажите имаат повисоки концентрации на ангиотензин-конвертирачки ензим „ACE2“ во крвта отколку жените.

Бидејќи „ACE2“ му овозможува на коронавирусот да зарази здрави клетки, ова може да помогне во објаснувањето зошто мажите се поранливи на ковид-19 отколку жените, објавија истражувачите.

Имунолошкиот систем исто така може да биде еден од клучните фактори.

EPA EFE
EPA-EFE

Генетиката исто така може да игра голема улога. Жените, поради нивниот дополнителен „X“ – хромозом, имаат посилен имунолошки систем и одговор на инфекции отколку мажите“, вели Бергер.

Овој феномен поттикна лансирње на две клинички испитувања во САД. На овие испитувања, научниците им даваат на мажите хормони како естроген за да видат дали тоа ќе помогне да се опорават од болеста.

Со што се открива дека жените не се послабиот пол „кога станува збор за имунитет“.