Вакцините се ветување за нормален живот на целиот свет, но по добиената доза нема да значи дека конечно може да се ослободиме од маските. Зошто е тоа така?

Медицинскиот аналитичар д-р Леана Вен, која работи во итната медицинска помош, а притоа е вонреден професор на Факултетот за јавно здравје на универзитетот „Џорџ Вашингтон“, објаснува зошто.

Unsplash

Таа посочи дека, иако знаеме дека некои вакцини, како што се „Фајзер“ или „Бајонтек“, се многу ефикасни во спречување на некој да развие тешка форма на ковид -19, сè уште не знаеме дали вакцината ќе спречи вакцинираното лице да го шири вирусот.

Не е испитано дали вакцината спречува заразениот од коронавирусот кој е вакциниран да зарази други.

Можно е некој да прими вакцина, а да биде асимптоматски носител.

– Можеби нема да покажуваат симптоми, но го носат вирусот во дишните патишта, па ако зборуваат, дишат, киваат и така натаму, сепак можат да го пренесат на други, изјави таа.

Unsplash

– Тоа е главната причина зошто не можеме да престанеме да носиме маски веднаш откако ќе ја земеме вакцината. Вакцината можеби ќе нѐ заштити од заболување и да не завршиме во болница, но, можно е да продолжиме да заразуваме други – несвесно. Затоа, оние кои примаат вакцина сепак треба да носат маски и да практикуваат социјално дистанцирање, изјави д-р Вен.

Но, тоа не значи дека ќе носиме маски засекогаш – ако се вакцинираат 70% од популацијата, ќе се создаде колективен имунитет.

Unsplash

– Колку брзо ќе го достигнеме имунитетот на стадото, ќе зависи од производството, дистрибуцијата и подготвеноста на луѓето да ја примат вакцината – вели д-р Вен

„Постои загрижености дека многумина можеби не сакаат да ја земаат вакцината дури и ако е достапна. Мора да имаме добро осмислена кампања за јавно образование што е прилагодена на различни заедници “, изјави д-р Вен.