Крцкавите и хранливи, бадемите се совршена закуска за брзо заситување. Благодарение на неверојатните здравствени придобивки, бадемите се најпопуларни меѓу бројните јаткасти плодови.

Неколку бадеми во вашиот десерт или салата можат да го подобрат вкусот и да ви обезбедат бројни хранливи материи како витамин Е, здрави масти, цинк, железо и калиум.

Unsplash
Unsplash

Но, за да ги добиете сите нутритивни придобивки од овој неверојатно здрав плод, ќе мора да ги потопите преку ноќ, сугерира нутриционистката Пуја Макија.

Постојат неколку причини зошто бадемите треба да се натопат во вода и да се остават преку ноќ пред да се консумираат.

Обвивката на бадемите го забавува варењето

Според Макија, цврстата и тврда текстура на кората од бадем може да го отежне варењето на храната. Потопувањето преку ноќ ја омекнува кората и го олеснува го варењето.

Друга теорија е дека потопувањето исто така може да помогне во ослободување на хранливите влакна, што ќе направи да се чувствувате по сити.

Сепак, студија од 2018 година објавена во Европскиот весник за исхрана сугерира дека потопувањето на бадемите во вода не ја подобате толеранцијата на гастроинтестиналниот тракт.

Нивото на антинутриенти се намалува

Друг факт за бадемите е дека нивната лушпа содржи антинутриенти кои можат да ја ослабнат апсорпцијата на одредени хранливи материи како калциум, железо, цинк и магнезиум.

Истражувањата сугерираат дека потопувањето на житарките и мешунките може да го намали нивото на хранливи материи, но кога станува збор за бадеми и други јаткасти плодови, има малку докази за нив.

Unsplash
Unsplash

Го олеснува џвакањето

Бадемите обично се многу тврди и ако ги натопите, можете да го олесните џвакањето. Ова е важен чекор ако им служите на деца или постари лица. Сечкањето на бадемите на помали парчиња  може да му помогне на вашето тело да апсорбира повеќе хранливи материи од нив. Исто така, истражувањата покажуваат дека сечкањето пред потопување може да ја намали концентрацијата на важни минерали.

Ризикот од труење со цијанид е намален

Горчливите бадеми природно содржат токсин што нашето тело може да го разгради во цијанид. Но, студиите сугерираат дека натопувањето горчливи бадеми може да го намали ризикот од труење со цијанид. Сепак, овој доказ е многу ограничен. Значи, за ваша лична безбедност, дефинитивно треба да избегнувате горчливи бадеми.

Потопувањето бадеми е лесно. Само земете 1/2 чаша вода и ставете неколку бадеми во неа. Оставете ги преку ноќ, а наутро истурете ја водата, излупете ја кората и користете бадеми на посакуваниот начин, пишува Times Of India. Можете да ги додадете во вашето смути, салата или колачи.