Многумина велат дека студениот туш дополнително ги буди наутро, а со тоа се согласуваат и многу научници.
Имено, тие тврдат дека наутро при туширање би требало да се користи ладна вода. Оние кои не се навикнати треба полека да се навикнуваат на температурата. Кога ќе започнете да се туширате наутро, започнете со млака вода каква што ви одговара, па постепено намалувајте ја температурата. Секако, достигнете ја границата што можете да ја издржите. Пробајте го ова неколку дена и веројатно со текот на времето ќе се навикнете на постудената вода и повеќе нема да ви претставува голем проблем. Студиите покажуваат дека студената вода има многу придобивки и дека овој метод им помага на луѓето полесно да се справат со проблемите и предизвиците во текот на денот, а исто така го намалува нивото на стрес.
Навистина, научниците тврдат дека студената вода го буди организмот и го зголемува нивото на енергија.
Косата исто така ќе ужива во тоа. Ќе стане поблескава бидејќи ладната вода ги затвора кутикулите и ги намалува порите. Скалпот нема да биде чувствителен како порано, а ова ќе биде особено корисно ако се борите со мрсна коса. Меѓутоа, ако вашата коса е тенка, ладна вода не е избор за вас.
Оние кои се борат со дерматитис или псоријаза треба да користат постудена вода од другите, затоа што топлата вода ги отстранува есенцијалните масла од површината на кожата. Ова дополнително ја влошува состојбата на кожата кај оние чијашто бариера е веќе оштетена. Тоа, исто така, ја стимулира циркулацијата, го забрзува метаболизмот и го подобрува здравјето на срцето.
Покрај тоа, туширањето со ладна вода го забрзува протокот на крв во мозокот и го зголемува ослободувањето на хормонот норепинефрин (норадреналин), кој природно може да нѐ подигне и да го подобри нашето расположение.
Што се однесува до топлата вода, таа е резервирана за вечерните часови. На овој начин ќе се смирите, а би требало да се туширате со топла вода 60 до 90 минути пред спиење.