За да се направи снешко, потребно е да се потрошат околу 300 калории, според стручњакот-соработникот на Одделот за здравство во Москва, Андреј Тјажелников, кој го препорачува тоа за слабеење, а и за зајакнување на мускулите.
– Долгата и снежна зима има свои традиции. Правењето снешко е една од нив. Овие занимливи потфати се прикажани дури и на многу слики од познати уметници од различни времиња. Ги има насекаде во дворовите и игралиштата, штом падне доволно снег… Снешкото, патем, согорува околу 300 калории, а ги вежба и мускулите на грбот и рацете. На крајот на краиштата, тркалањето снежни топки бара енергично движење во топла облека. Значи, колку повеќе снешковци, толку повеќе калории се согоруваат!, рече Тјажелников.
Според неговите совети, може да се изберат и други активности за минување повеќе време со семејството, како џогирање или едноставно одење со скии, што е добро за целото тело.
Дури и едноставна прошетка низ парк или низ убаво украсениот град, носи здравствени придобивки.
– Посетата на изложби и музеи е исто така енергична. Гледајќи слики и експонати, може да акумулирате илјадници чекори. Големата придобивка од сите зимски активности не е само во вежбање на мускулите и согорување на калории, туку и производство на хормонот на радоста – серотонин, којшто е многу корисен за здравјето, додаде Тјажелников.
Докторот смета дека и санкањето помага и во согорувањето калории, покрај тоа што е и здрава кардиовежба. Но, препорачува внимателност, оти статистиката за оваа активност покажува висока стапка на повреди.