Заврши гласањето на непосредните партиски избори на СДСМ, среде пандемија, при што за прв пат членовите директно гласаа на избори. Единствен кандидат беше актуелниот партиски лидер и премиер Зоран Заев.
Тој претходно ја промовираше својата програма како кандидат за претседател на партијата, за која рече дека е базирана на пет клучни столба, при што најави „најголема политичка акција за нова позитивна промена на начинот на функционирање и менталитетот на политичките партии во нашата земја, почнувајќи токму од СДСМ.
На сите 237 избирачки места во сите општини се спроведоа целосно безбедни избори со строго почитување на здравствените препораки, со излезност од 90%, информираа на прес-конфернција на партиската Централната Изборна Комисија.