Во предлог законот за клевета и навреда да се избрише дека ќе се одговара и за изразување на „негативно мислење”.
Ова го бара здружението на новинари после реакциите на јавноста дека со таквата квалификација се остава простор за погрешно толкување од страна на граѓанскиот суд на штета на слободата на изразување.
Реагираа и од ВМР ОДПМНЕ од каде велат дека Владата на СДСМ и ДУИ уште еднаш докажа дека се хибриден режим и ќе казнуваат за искажана критика и негативно мислење. Негатовно мислење ќе биде избришано со амандман, одговорија од Министерството за правда кое е предлагач на законот и од каде велат дека се работи за грешка.
Текстот на Предлог законот за навреда и клевета е во фаза на прво читање во Собранието уште од јули лани но дури сега беше забележана оваа спорна квалификација која би можела да доведе до бран на тужби замо поради искажано мислење.