Новинарските здруженија го отфрлија предлогот на премиерот Зоран Заев за отворање дебата за враќањето на владини пари во медиумите.
Од Здружението на новинари појаснуваат дека не сакаат да се експериментира со решенија што ќе создадат траен клиентелистички однос меѓу Владата и медиумите. Според ЗНМ, има простор за формирање Фонд за слободни медиуми и новинари, со кој би се поддржале новинарски производи.
Претседателот на ЗНМ Младен Чадиковски вели дека ставот за можноста од владини пари во кампањи е добро познат.
– Имавме едно такво искуство и не би сакале да ни се повтори, ниту сега ниту во иднина. Во однос на дебата за Фонд за слободни медиуми и новинари со кој би се поддржале новинарски продукти има простор за разговор, но тоа е сосема различно од платени кампањи – вели Чадиковски за „Слободен печат“.