Знамињата на Обединетите нации денеска беа спуштени на половина копје во централата во Азија и Африка, во знак на жалост за персоналот на светската организација кој беше убиен во Појасот Газа.

Персоналот на светската организација во Азија и Африка со едноминутно молчење им оддаде почит на своите колеги кои беа убиени во Газа за време на конфликтот меѓу Израел и Хамас, објави „Гардијан“.

Сино-белото знаме на ОН е на половина копје пред канцелариите во Бангкок, Токио и Пекинг, како и пред Катманду, Кабул и Најроби.