Крвниот притисок игра многу важна улога и честопати ја диктира здравствената состојба на човекот. Според научните истражувања, крвниот притисок во подоцнежната фаза од животот почнува полека да паѓа, и тоа околу 14 години пред да настапи смртта.
Овој заклучок настанал како резултат на научното набљудување на здравствената состојба на 46.634 Британци, кои починале во 60-тата година од животот или подоцна, а испитувањето опфатило луѓе кои биле здрави, како и такви што имале деменција и болести на срцето.
Според овие истражувања, крвниот притисок најмногу паѓал кај пациенти што боледувале од деменција, застој на срцето, губење тежина, како и кај оние што имале висок притисок. Интересно е што намалувањето било забележано и кај пациентите што немале ниту една од наведените болести.
Нашето истражување потенцира колку е важно да се следи состојбата на повозрасните пациенти. Би бил многу вознемирен кога некој би го протолкувал нашиот труд како мотив да не се третира хипертензијата во подоцните години со лекови, изјавил авторот на истражувањето.
Се наведува и дека лекарите би требало да обрнат внимание на тоа што значи падот на крвниот притисок за постарите пациенти. Постојат многу знаци што укажуваат на тоа дека смртта наближува, а вистината на притисокот и сите промени поврзани со него може да бидат еден од нив.
Извор: Убавина и здравје
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.