Златан Ибрахимовиќ со години е еден од најдобрите фудбалери во светот.

Да не беше толку успешен на фудбалскиот терен, веројатно ќе го гледавме во рингот, бидејќи тој е вистински ѕeвер и во боречките вештини.

Таеквондо е негова голема љубов и на 17-годишна возраст се здоби со црн појас во овој спорт, а честопати користеше потези на фудбалскиот терен.

На 40 години, Ибрахимовиќ е сè уште многу агилен. Сè уште одлично го користи стекнатото знаење и тоа го покажа уште еднаш.

Секако би било многу интересно да го видите Ибра во рингот и тој сигурно ќе има што да понуди.