Фестивалот на креативен документарен филм со настанот „Зимски МакеДокс“ ќе гостува во програмата на Фестивалот на европски филм „Синедејс“, што од 3 до 10 декември ќе се одржи во МКЦ и во Кинотеката. Од 5 до 7 декември, во рамки на програмата на 24. „Синедејс“, ќе биде прикажан избор на долгометражни победници од 16-тото издание на фестивалот „МакеДокс“.
Програмата на „Зимски МакеДокс“ е составена од три наградени документарни остварувања. На 5 декември, во 19 часот, во МКЦ – Денсинг сала, ќе биде прикажан филмот „Ниедна друга земја“ на Басел Адра, Хамдан Балал, Јувал Абрахам, Рејчел Зар. Влезот на филмот е слободен.
На 6 декември, во 21 часот, во МКЦ – Денсинг сала, ќе биде прикажан филмот „Фиуме или смрт!“ на Игор Бежиновиќ. Билетот за проекцијата чини 200 денари.
На 7 декември, во 20 часот, во Кинотеката на РСМ, ќе биде прикажан документарниот филм „Земја и крилја“ на Стефан Малешевиќ. Билетот за проекцијата чини 200 денари.
Настанот „Зимски МакеДокс“ е поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија и платформата „Movies that Matter“.
Текстот Зимски „МакеДокс“ на „Синедејс“ е превземен од МАКФАКС.






















