„До пред две-три недели јавноста се крена на нозе за тоа каде е Мијалков, додека сега се прашува зошто е приведен Камчев. Ние го зборуваме ова во време кога судовите судат за прислушување кое масовно се случувало во сите години наназад. Но, можеби јавноста не знае и не смее да знае дека бил прислушуван, па можеби рекол дека планира бегство, но тоа се претпоставки. Адвокатот на Камчев имаше повеќе политичка изјава вчера, отколку правна изјава“, изјави новинарот Љупчо Зиков во своето гостување во „Само вистина“.