„Османи професионално се обидува да ја изврши задачата. Министерот сепак ништо не може без консултации на клучните луѓе кои се во работната група во Владата. Не е соло-играч. Тој засега добро се држи“, изјави во емисијата „Само вистина“, политичкиот аналитичар Љупчо Зиков во однос на бугарско-македонските односи.
Тој додаде дека нема причина да не му верува на првиот дипломат, кој денеска соопшти дека не се преговара за идентитетските прашања.