Шпанскиот шампион Реал Мадрид ќе биде домаќин на Осасуна следната сабота во рамките на 18 коло во „Ла Лига“, и на тој натпревар ќе биде без главниот тренер Зинедин Зидан.
Според клубот, Французинот бил во контакт со заразено лице од ковид-19 и следните неколку дена ќе ги помине во изолација, соопштија извори блиски до шпанскиот клуб.
„Тој е во изолација“, изјавија истите извори за агенцијата „Франс Прес“, додавајќи дека „кралевите“ ги чекаат резултатите од тестовите за да се утврди точната здравствена состојба на францускиот стратег.
„Кралевите“ воедно ќе бидат без капитенот Серхио Рамос (Серхио) кој има стомачни проблеми, како и повредениот Родриго.
По 17 одиграни натпревари, Реал е втор на табелата со два бода помалку од градскиот ривал Атлетико, кој пак има два натпревари помалку.