Легендата на францускиот фудбал Зинедин Зидан потврди дека не е далеку времето кога ќе ја продолжи тренерската кариера.
„Ќе се вратам наскоро. Почекајте уште малку. Ќе биде многу наскоро. Блиску сум повторно да почнам со работа“, изјави Зидан за RMC Sport.
50-годишниот Французин одмора од 2021 година. Претходно, тој ја освои Лигата на шампионите во три последовни сезони со Реал Мадрид и исто така го предводеше клубот до една титула во Ла Лига, два европски Суперкупа, два шпански Суперкупа и трофејот на Светското клупско првенство.
Името на Зидан неколку пати беше поврзувано со тренерската работа во Пари Сен Жермен, но летото клубот го назначи Кристоф Галтие.
Можно е Зизу да стане селектор на Франција доколку Дидие Дешамп реши да се пензионира по Светското првенство во 2022 година./Makfudbal/