Еден Азар никако да ги оправда 105-те милиони евра кои Реал Мадрид минатата година ги плати на Челси и по само 18 месеци лесно може да се случи наскоро да го напушти „Сантијаго Бернабеу“.
Белгиецот во Реал пристигна како замена за Кристијано Роналдо, но честите повреди, а потоа и вишокот килограми го одвоија од фудбалските терени и го натераа тренерот Зинедин Зидан да го отпише Азар и да го прати во тимот во кој играше пет години.
Според шпански но и италијански медиуми, Еден Азар идното лето ќе се пресели во Јувентус.
Имено, Зидан планира да го испрати Азар во Торино, а во замена за да го добие Пауло Дибала кој е во лоши односи со управата на „старата дама“ и засега не планира да потпише нов договор со италијанскиот тим.
Токму ваквата ситуација кај двајцата фудбалери, според медиумите е идеална за размена и наводно Зидан веќе го информирал претседателот Флорентино Перез за својата намера.