Новиот народен правобранител Насер Зебери бара шанса да покаже дека функцијата ќе ја извршува независно и професионално, без разлика на претпоставките на опозицијата, која го оспорува неговиот етички кредибилитет и политичка наклонетост поради тоа што на последните избори бил кандидат за премиер на ДУИ.

„Тие претпоставки често пати имаат алузии и не се основани од причина што Народниот правобранител сега стапува на должност. Треба да се даде простор и јас сум убеден дека со мојот ангажман ќе ги демантирам сите скептици“, изјавил Зибери во интервју за Радио Слободна Европа.

Тој тврди дека Законот не забранува кандидат номиниран за премиер да нема право да се кандидира за функцијата Народен правобранител, а законот превидува дека функцијата ја извршува самостојно.

Според него, обвинувањата за партиска пристрасност се само претпоставки и изборот не е никаква компензација затоа што се кандидирал за премиер на ДУИ.

„Сам се пријавив на огласот за Народен правобранител, Собранието ме избра и од формално – правна гледна точка целата работа се заврши согласно прописите“, вели Зибери.