Откако даде свечена изјава дека функцијата ќе ја извршува одговорно, новиот народен правобранител Насер Зибери изјави дека неговиот ангажман на оваа позиција не е никаква компензација со ДУИ за премиерската функција.
-Не е никаква компензација. Мојот досегашен ангажман е сосема доволна гаранција за професионално и согласно уставот извршување на оваа функција, изјави Зибери одговарајќи на новинарски прашања по давањето на свечената изјава.
Насер Зибери беше избран за народен правобранител на 25-ти јануари оваа година. Тој пред изборите беше кандидат на ДУИ за прв премиер Албанец на Северна Македонија. Токму поради ова се противи опозицијата за неговиот избор, бидејќи сметаат дека тој е партиски човек и нема да работи во интерес на граѓаните.