Претседателот на Комисијата за здравство во Собранието на РСМ, а и поранешен директор на Центарот за јавно здравје, Арбен Зибери во гостувањето во емисијата Студио 10 на Телевизија 24 изјави дека во февруари ќе почне вакцинацијата кај нас.
Како што вели тој со вакцините ќе се постигне баланс и да се врати нормалниот живот и тие ќе се дават на оние кои ја немале болеста.
-Во февруари ќе почнеме со давање на вакцината и земјите каде е почната вакцинацијата се членки на ЕУ. Во Србија се користат кинески вакцини и има претставништво Фајзер. Фокусот на Фајзер и сите компании сигурно е поголемиот пазар и ова е глобален проблем, вели Зибери.
Зибери смета дека пратениците треба да се вакцинираат за да може да функционира Собранието, но оние кои не ја имале болеста и немаат антитела.
-Јас имам антитела и нема потреба да се вакцинирам, зошто ја имав болеста – вели Зибери.