-Ние ќе блокираме сè што можеме да блокираме сè додека нашиот закон е блокиран со амандмани во матичната комисија каде што чека, вели лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села, во интервју за Радио слободна Европа.
Сепак, лидерот на Алијанса за Албанците, вели дека е лага дека поради неговата коалиција е оневозможено донесување на законите од петтиот сет антикризни мерки, објаснувајќи дека амандманската расправата за оваа регулатива, која се носи по скратена постапка, би можела да трае најмногу три дена
На прашање околу блокадата на законите од петтиот сет антикризни мерки, условувајќи го со законот за државјанство, Села вели дека цел месец се изнесуваат лаги дека Алијанса за Албанците го оневозможува ова законско решение.
-Ама не е вистина, тоа е голема лага. Не го блокираме, ние сме поднеле амандмани, но која е матичната комисија која дебатира околу оваа работа, бидејќи дојде време еве да ја кажам вистината за оваа тема. Тоа е Комисијата за финансирање и буџет, а таму, исто како и во Комисијата за европски прашања, можеш да имаш и 100 илјади амандмани, дебатата во оваа комисија трае три дена. Кажете ми колку денови и недели се дебатира оваа работа дека ние сме го блокирале петтиот сет на економски мерки кој треба да им помогне на граѓаните. Цел месец се кажува оваа лага и невистина пред граѓаните, вели Села.
Инаку, утре ќе има нов обид на премиерот Зоран Заев за договор со опозициската коалиција Алијанса/Алтернатива за Законот за државјанство.