Лидерот на партијата Алијанса за Албанците Зијадин Села во гостувањето во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 изјави дека некој посилен од Зоран Заев, но и од Сашо Мијалков, наредил екс шефот на УБК сам да се пријави во обвинителството. Како што вели Села, очигледно е дека Мијалков се вратил откако „пандал“ некаков договор.

-Сашо Мијалков го следат многу скандали и тој се уште е на слобода. Него никаде не го споменуваат ниту за 27-ми април. Тој човек е со повеќе кривични дела. И ние денес зборуваме за куќен притвор? За човек кој очигледно е дека избега и после веројатно согласно некаков договор да се врати , изјави Села.