Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села заедно со неговиот коалиционен партнер Африм Гаши поднесоа интерпелација за министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Како што велат тие, причината за такво нешто е „боливудското“ сценарио за Мијалков.

-Театар, како може јас да давам проценка за смешните сценарија кои се прават деновиве. Два дена се прави театар. Исчезна Мијалков, па се појави и кажа дека имал температура. Една ноќ претходно цело семејство, синовите, не знаат каде е татко им, а најскандалозно е дека Сашо Мијалко доби домашен притвор. Тоа е  доказ за договор меѓу Мијалков и Заев.Тоа е доказ дека сите актери кои правеа сценарија за 27 април сега се заедно со владата, изјави Села.