Актуелниот македонски шампион, екипата на Шкупи одбраната на титулата во новата сезона 2022/23 во Првата македонска фудбалска лига ќе ја стартува од Кавадарци со пресметката против Тиквеш, одлучи денешната жрепка во ФФМ.

Advertisements

Дел од ждрепката беше и екипата на Ренова, која претходно најави и можност за откажување од лигата, но на крај „гипсарите“ ќе играат во новата сезона главно со младински состав. Ренова ќе ја стартува новата сезона со гостувањето против Македонија ЃП во Ѓорче Петров.

Академија Пандев, пак, во 1. коло во Струмица ја пречекува Брегалница, а Шкендија во Тетово ќе го пречека Скопје.

Првото коло од новата сезона во ПМФЛ се игра на 6. август.

ПМФЛ – СЕЗОНАТА 2022/23 (1. коло – 6. август)
ШКЕНДИЈА – СКОПЈЕ
СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ
Академија ПАНДЕВ – БРЕГАЛНИЦА
СТРУГА Трим Љум – ПОБЕДА
ТИКВЕШ – ШКУПИ
МАКЕДОНИЈА Ѓ.П. – РЕНОВА

Извор: Екипа

Прикажи повеќе