Лионел Меси помина 21 година во Барселона, пред да се пресели во ПСЖ ова лето како слободен играч.

Претседателот на клубот, Жоан Лапорта пред претседателските избори на Камп Ноу вети дека ќе остане Меси, но се случи она што најмногу се плашеше. Аргентинецот си замина, клубот не можеше ниту да го регистрира поради огромни долгови, но Лапорта не сака да ја исклучи можноста за враќање на Меси.

„Го видов дебито на Меси во ПСЖ и беше чудно да го видам во друг дрес, многу ме боли“, рече Лапорта во интервју за ТВ3.

За време на прошталната конференција, Аргентинецот објави дека еден ден ќе се врати на Камп Ноу. “Ќе се вратам овде бидејќи ова е мојот дом. Го ветив ова на моето семејство. Ќе се вратиме”, рече тогаш Меси.

Лапорта сега исто така рече дека не ја исклучува таквата можност.

“Неговото враќање? Не исклучувам ништо. Неговиот крај во Барселона ќе биде различен. Имаме вечна благодарност до него, тој секогаш ќе биде дел од Барса”, изјави првиот човек на каталонскиот тим.

Меси ги пропушти првите два натпревари за ПСЖ бидејќи не беше подготвен, но дебитираше против Ремс минатиот викенд. Тој потпиша со Парижаните три години.