СДСМ како одговорна партија во континуитет покажува вистинска грижа за сите граѓани. Речиси 13.000 лица, кои останале без работа поради стечај, ликвидација и како технолошки вишок во претпријатијата во доминантна сопственост на државата, сега добиваат месечен надоместок од 9.242 денари месечно до пензионирање или до вработување, изјави денеска на прес-конференција, Милан Живковиќ, претседател на Комисија за труд и социјална политика на СДСМ.
„СДСМ од 2017 година во неколку наврати го решаваше статусот на стечајците, а со последните измени и дополнувања на законот, право на материјално обезбедување, во висина од 34% од просечната месечна нето плата исплатена по работник во претходната година, добија уште 1.100 лица“, посочува Живковиќ.