По силниот земјотрес со јачина од 5.4 степени што кусо пред полноќ по локално време беше регистриран во близина на границата на Грција со Северна Македонија, а беше почувствуван и кај нас, дел од жителите на Лерин, ноќта ја поминаа на отворено.

Епицентарот беше два километри западно од Лерин, од земјотресот се регистрирани помали материјални штети, а нема повредени граѓани. Со одлука на градоначалниците, градинките, основните и средните училишта во поширокиот регион, денеска превентивно ќе бидат затворени.

По силниот земјотрес, што веројатно беше и главниот, во поширокиот регион на Лерин до рано утрово беа регистрирани над 50 земјотреси, од кои 11 беа над три степени.