Откако, како што велат, Општината Велес со години наназад не сакала да им ги асфалтира патиштата низ селото и да направи атмосферска канализација, жители на Горно Оризари одлучиле тоа да го сторат сами. Со помош на дијаспората, но и свои средства во ноември минатата година асфалтирале четири улици со површина од 4.500 метри квадрадни. Во април оваа година биле завршени уште три со површина од 4.000 метри квадратни, сето ова чинело 48.000 евра. Го прошириле и патот кон влезот на Горно Оризари до железничкиот премин кај пругата во должина од 450 метри, а тоа чинело 16.000 евра.
Сега, градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, вели дека месната заедница на Горно Оризари од Општина Велес не побарала ниту добила градежна дозвола.
-За пофалба е што Горно Оризари има дијаспора која сака да инвестира и да помага во инфраструктурата на населбата за да се подобри квалитетот на животот на жителите. Сепак, во општинскиот буџет многу ретко се уплатува надоместокот за уредување на градежното земјиште, па оттаму овие средства да се наменат за изградба на инфраструктурата во населбата. Жителите директно сами ги даваат за изградба на инфраструктурата. За трите проекти кои ги изведоа ниту побараа, ниту добија одобрение за градба“, кажа Коцевски, а прнесува СДК.