Полицијата лишилa од слобода едно лице кое претходно било пријавено за агресивно однесување кон вработени и оштетување на инвентар во службените простории на секторот за урбанизам во село Неготино полошко. По извршениот претрес на неговиот дом, најдени се повеќе парчиња огнено оружје.

Од СВР Тетово информираат дека претпладнево околу 10:15 часот полициски службеници го лишиле од слобода Б.Т.(48) од село Неготино, полошко. Тој десетина минути пред тоа бил пријавен дека агресивно се однесувал во објект на општина Врапчиште во село Неготино, во кој бил сместен Секторот за урбанизам.

-Според пријавеното, тој во една просторија ги заклучил вработените и го оштетил инвентарот и опремата во другите канцеларии на објектот. Набргу потоа, со судска наредба, извршен е претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени три парчиња огнено оружје ( две ловечки пушки и пиштол) за кои поседувал соодветни дозволи, наведуваат од СВР Тетово

Б.Т. е задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде изготвен соодветен поднесок.