Според британскиот „Скај“, Јувентус сака во овој зимски период да го обезбеди потписот на Оливие Жиру, досегашниот играч на Челси.
34-годишниот Французин е во најтесниот избор на желби на италијанскиот шампион кој воедно ја следи и ситуацијата со уште двајца напаѓачи кои се дел од Наполи, Аркадиуш Милик и Фернандо Љоренте.
И покрај тоа што во најголем дел од времето беше на клупата, Жиру постигна 18 голови на 34 натпревари во 2020 година и беше најдобар стрелец на тимот.
Реализираше осум голови на последните осум натпревари, после лошиот почеток на сезоната кога стартер беше само еднаш во првите 16 мечеви на лондонскиот клуб.
Договорот со Челси му истекува на крајот од тековната сезона, но доби гаранции дека редовно ќе игра доколку остане на „Стемфорд Бриџ“.
Се пресели од Арсенал во Челси во јануари 2018 година, а можеше да ја напушти екипата пред една година незадоволен од минутажата. Но, одлучи да остане и му помогне на Челси да се пласира во Лигата на шампионите со седум погодоци на 12 натпревари, откако сезоната продолжи во јуни по пауза поради пандемијата на коронавирусот. Тој не играше во неделата во поразот од 1:3 во Премиер лигата против Манчестер сити.