Неверојатна сцена се случи на натпреварот помеѓу Шпанија и Хрватска во осминафиналето на ЕУРО.
Шпанците во 57-та минута со голот на Аспиликуета направија 1:2, но моментот што камерите не го фатија на почетокот стана прва приказна на овој натпревар, објави шпанска Марка.
Имено, кога Шпанија го постигна вториот гол, хрватскиот напаѓач Анте Ребиќ излезе да ги смени копачките, а Шпанија веднаш ја искористи предноста од еден играч.
По овој потег капитенот Лука Модриќ и селекторот Златко Далиќ жестоко го нападнаа играчот на Милан поради споменатата ситуација.
Во 67. минута Ребиќ ја напушти играта, а на негово место влезе Мислав Орчиќ.
Кога го напушти теренот, Ребиќ беше емотивен и видливо погоден, а овие сцени се показател дека некои работи не функционираат баш најдобро во хрватската репрезентација.