Sвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе, може да го пропушти реваншот од полуфиналниот натпревар во Лигата на шампионите против Манчестер Сити.

Мбапе има повреда на мускулот на десната нога и нема да биде во првенствениот натпревар против Ленс.

Исто така, тој е под знак прашалник за реваншот од полуфиналниот натпревар во Лигата на шампионите против Манчестер Сити, кој се игра во вторник.

„Килијан Мбапе има мускулни проблеми. Се надевам дека не е ништо сериозно и тој ќе биде со нас што е можно поскоро“, изјави тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино.

Исто така, повторно на прес-конференцијата се зборуваше за нов договор за Мбапе кој е поврзан со трансфер во Реал Мадрид.

Покетино не сакаше да зборува премногу на оваа тема и тој јасно стави до знаење.

„Прашање е за Килијан, не за мене. Тој има уште една година договор и јас и клубот правиме сè за да го задржиме во клубот долго време. Знам дека тој е среќен тука“, рече Покетино.

Заедно со Нејмар, Мбапе е ѕвезда на Париз. Сигурно ќе биде голем хендикеп ако го пропушти реваншот со Сити во кој на ПСЖ му треба победа од два гола или победа со повеќе голови за да стигне во финалето.

Првиот натпревар на „Паркот на Принцовите“ Сите го доби со пресврт од 2:1, а тимот на Пеп Гвардиола е на чекор до пласман во финалето од Лигата на шампионите.

Мбапе оваа сезона одигра вкупно 43 натпревари и има учинок од 37 погодоци и 10 асистенции.