Лидерот на интегративците, како што објави ТВ 21, го назначил Бујар Османи за координатор на политичките процеси во Чаир, што значи и преземање на надлежностите од предводникот на огнените, Изет Меџити, кој досега беше прв човек на огранокот во Чаир.

По ваквата одлука, Меџити изјавил дека таа е нелегитимна. Добро е да го прашаме господинот Ахмети за овие политички разлики и тенденцијата да се замолчат различните мислења! Затоа што и ова е нестатутарно решение, кое не е поминато на партиските органи, посочил Меџити за ТВ 21.